Изработуваме студии, програми и бизнис планови врз основа на кои ќе се утврди начинот на развој на компанијата, како и начинот за контрола на нејзината успешност. Сите видови на консултација за отварање на правни лица, начин на вршење на дејност во рамки на државното уредување како и објаснување на сите закони поврзани со работењето на правните лица.
Отварање и ликвидација на правни лица во соработка со адвокатска канцеларија со која имаме договор за заедничка соработка, изработка на бизнис план за потреби на клиентите, консултации за организирање на работни фондови, здруженија, невладини организации, асоцијации и слично, изработка на периодични биланси за потреби за тендери, кредитни линии, дозволени минуси и слично.