Правилно советување за законските прописи од областа на сметководството, како и нивната секојдневна практична примена, советувања за данокот на додадена вредност, данокот на добивка, персоналниот данок на доход, царините, акцизите, односно севкупно информирање и советување за сметководственото работење во целост.
Комплетна синтетика и аналитика во согласност со законот за сметководство и ревизија (главна книга, салда на контата на купувачи и добавувачи, девизна аналитика на купувачи и добавувачи во одредена валута, аналитика на основни средства со сите потребни пресметки).
ДДВ евиденција со пресметка на ДДВ-то и водење на книги за влез и излез. Во рамки на ДДВ-то овозможуваме и дополнителна евиденција на излезни и влезни фактури кои претставуваат задолжителен дел на административната работа.